HomeШоубизЅвездата од „Игрите на гладните“ уапсен поради пукање во тројца мажи во...

Ѕвездата од „Игрите на гладните“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Рали, Северна Каролина

- Advertisement -spot_img

Според информациите од полицијата, Џејмисон бил приведен на 8 април поради инцидент што се случил на 22 март во вечерните часови. Полицијата интервенирала по пријава за пукање околу 21:52 часот. По пристигнувањето на местото на настанот, службениците пронашле лице кое изјавило дека непознат напаѓач, движејќи се со електричен велосипед, испукал куршум кон нивното возило кое било во движење. Во автомобилот во тој момент се наоѓале уште две лица.

Во текот на истрагата, полицијата го идентификувала Џејмисон како осомничен за пукањето. Според обвинението, тој испукал куршум во правец на возилото, со што директно ги довел во опасност животите на тројцата патници. Против него се поднесени обвиненија за напад со смртоносно оружје, со намера за убиство. Во инцидентот, според доказите, бил употребен полуавтоматски пиштол калибар 9 милиметри.

На деветти април судот го одбил неговото барање за ослободување со кауција. Следното рочиште за случајот е закажано за 30 април, кога се очекува да се разгледа понатамошниот тек на судската постапка. Ова не е прв судир на Џејмисон со законот. Во март 2025 година, тој бил уапсен во Рали поради спротивставување на службено лице. За тој прекршок бил осуден на 26 март 2026 година, само неколку дена по новиот инцидент.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img