-1.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски: Развој на инфраструктура - нови училишта, градинки и спортски објекти во...

Ѓорѓиевски: Развој на инфраструктура – нови училишта, градинки и спортски објекти во сите населби

- Advertisement -spot_img

На Саемот-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека државата прв пат сведочи на масовна реализација на капитални инвестиции во сите општини, без поделби и селективност.

На панел-дискусијата „600 милиони евра за развој и локален прогрес“, Ѓорѓиевски нагласи дека години наназад постоела подготвена техничка документација за проекти, но поради недостаток на финансии тие не се реализирале. Промената, како што рече, дошла со новата власт, кога започнало инвестирање подеднакво во сите општини

,,За прв пат во историјата на Република Македонија, 30 години наназад, инвестициите стигнуваат до секое населено место. Наеднаш се градат училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура како никогаш досега“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека секој градоначалник ги насочува средствата според потребите на својата општина, овозможувајќи рамномерен развој на локално ниво. „Овој проект недостасуваше повеќе од три децении. Се надевам дека ќе продолжи и понатаму, за сериозно да ја градиме и менуваме Македонија како што тоа го правиме во моментов“, порача Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img