домаМакедонијаЃорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

- Advertisement -spot_img

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.

Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки – информираше Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека вкупно 1.200 пациенти побарале помош. Нивната документација, како што се појаснува во објавата на Фејсбук, се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицирале ќе била завршена во текот на наредната недела.

Според градоначалникот на Скопје, ова е јасна порака дека никој не е сам.

– Дека зад секоја борба постои некој што верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови постои рака што ќе ве поддржи, збор што ќе ве охрабри и надеж што никогаш не згаснува. Болеста може да го отежне патот, но, не смее да ја одземе надежта. Наша обврска е да бидеме покрај нашите сограѓани, не само со зборови, туку и со конкретна помош, грижа и човечност. Заедно сме посилни. Заедно можеме да ја вратиме надежта таму каде што е најпотребна – се додава во објавата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img