Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски гостуваше во дневникот на ТВ Сител каде изјави дека во првите 72 часа ќе направи генералка на цело Скопје и истакна дел од проектите кои се приоритетни како изградбата на подземна сообраќајница во Скопје.
„Проблемот со сметот не е само од денес и не е изминатата недела, ние имаме хроничен проблем неколку години наназад со кои се соочуваме како скопски градоначалници земајќи предвид дека на многумина не им се јасни ингеренциите и постојано го вперуваат прстот. Граѓаните на крајот од денот и не ги интересира, тие уредно си плаќаат, но го вперуваат честопати прстот во нас како локални градоначалници во било која од скопските општини. Ние во неколку наврати во минатото делувавме самите, дури во неколку од тие случаи и бевме казнувани, но подоцна се покажа дека се неиздржани казните пак паѓаа пред да дојде ред општината да плаќа евентуална глоба, во тој контекст изминатиот период од неколку дена е најалармантен во предизборието кога се случува практично да или не постапува „Комунална хигиена“ или пак онаму каде постапува, делумно постапува“, вели тој.
Дополнителен проблем е како што вели дека на многу од микро локациите особено таму каде што има роботи контејнери, на места каде имало 3-4 контејнери во моментот има по 1 контејнер.









