Тоше го запознав на „Макфест“ кога беше дете, па потоа продолживме да се дружиме што приватно а што професионално.
Веста за неговата несреќа и вечно заминување кај ангелите ме дочека неподготвена, но памтам дека така немав плачено со години. Грутката за неговата смрт и денес тежи. Верувам не само кај мене туку и кај сите други обожаватели на неговата песна.
Тошка беше едноставно момче. Имаше малку другари но беа вистинки, секогаш покрај него и за добро и за лошо.
За неговата кариера е бесцелно да се зборува. Не знам дали ќе се појави некој кој со 4 авторски песни ќе го наполни „Сава центар“. Ние од „Макфест“ заминавме за Белград да го следиме концертот на чудото од дете.
https://www.instagram.com/reel/DeG0srDuEFk/?utm_source=ig_web_copy_link&rpxt=NTc4MTIwNjQ2YQ==
Тоа дете полека растеше – како дел од „Авалон“ веќе почна да гради кариера и вон Македонија.
Што и да се каже за Тошка – Тоше Проески е малку.
Тој беше воспитано дете.
Тој меше да почитува постари.
Тој умееше да побара совет, но и да ислуша и да ви го отвори срцето ако ве смета за блиски.
Тоше Проески беше и ќе остане најголема легенда на македонската но и екс југословенската музика – неговата каризма, не само глас и песна, освојуваа бидејќи имаше чисто срце и душа.
Г.Оџакова
Фото: Принтскрин/Instagram






