домаСпортУште еден потенцијален наследник на Мајкл Керик… Еди Хау кандидат за клупата...

Уште еден потенцијален наследник на Мајкл Керик… Еди Хау кандидат за клупата на Јунајтед

- Advertisement -spot_img

Англиската јавност не престанува со шпекулациите околу евентуалниот нов менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик е на излезна врата што се вели, затоа што очајните игри и резултати не се веќе поединечен инцидент туку константа која што одбележува цел еден период од новата и уште една разочарувачка сезона на Олд Трафорд.

Па така, според сите извори, менаџментот веќе на големо бара наследник на Керик, а имиња на потенцијални нови тренери на Јунајтед има колку сакате.

Од Конте, преку Фабијан Хурцелер, Унаи Емери, а еве сега и Еди Хау се појавува како можно решение.

Екс тренерот на Њукасл е фаворитот според денешниот напис на „Сан“. Се наведува дека тој би бил реалното решение од следните причини. Фабијан Хурцелер и Унаи Емери се во моментов дел од Брајтон и Астон Вила, а опцијата со Конте е специфична. Тоа е искусен тренер кој што има сопствен стил и начин на однесување кога е главен тренер, а тоа е големо прашање како би функционирало во моментот во сопбелувалната на Јунајтед и сите тие ликови кои се внатре.

Токму поради сето ова, назначувањето на Еди Хау е најубедливото и најшироко поддржано во круговите во и околу Манчестер Јунајтед. Тој двапати го водеше Њукасл до Лигата на шампионите и го заврши 56-годишното чекање на клубот за трофеј со освојување на Карабао купот во 2025 година. Во јули, по пет години во Њукасл, тој се повлече од својата функција за да направи пауза, но се очекува „Олд Трафорд“ да биде исклучително привлечна дестинација за него.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img