Деветнаесетгодишно момче од тетовското село Долно Палчиште било нападнато од неколку лица на улицата „Илинденска“ во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 7 јули 2026 година, околу 18:15 часот, С.А. (19) пријавил во СВР Тетово дека додека се движел со негови другари, бил физички нападнат и удиран со тврд предмет од неколку лица.
Полицијата веднаш презела мерки и активности, при што биле приведени Е.И. (18) и двајца 16-годишници, сите од Тетово. Кај нив биле пронајдени и одземени тврди предмети, како и еден остар предмет.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против инволвираните лица.






