домаРегионПо оставката на Вучиќ, Ана Брнабиќ ќе стане првата личност што ги...

По оставката на Вучиќ, Ана Брнабиќ ќе стане првата личност што ги извршувала трите најважни државни функции

- Advertisement -spot_img

Доколку Александар Вучиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Србија вечерва, како што најави, на таа позиција автоматски ќе го наследи Ана Брнабиќ, в.д. претседателка на парламентот. Со тоа, таа би станала третата жена во Србија што ја извршува функцијата вршител на должноста претседател – по Наташа Миќиќ и Славица Ѓукиќ Дејановиќ – и првата личност што ги извршувала трите најважни функции во Србија.

Претседателот на Србија неодамна им изјави на новинарите дека ќе поднесе оставка во недела навечер и најави дека потоа ќе ја информира јавноста за својата одлука и за нејзиното образложение.

„Во недела навечер поднесувам оставка, па ќе ве известам – мислам дека тоа ќе биде околу осум часот навечер. Ќе ве информирам, ќе ве поканам сите, ќе го слушнете моето образложение и сè друго“, рече Вучиќ.

Кој сè ја извршувал функцијата вршител на должноста претседател на Србија?

Првата жена што се најде на чело на Србија во нејзината историја беше поранешната претседателка на Собранието на Србија, Наташа Миќиќ. Таа ја извршуваше функцијата вршител на должноста претседател од 29 декември 2002 година до 4 февруари 2004 година, по истекот на мандатот на тогашниот претседател, социјалистот Милан Милутиновиќ.
Како в.д. претседателка на Републиката, по атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ, прогласи вонредна состојба и ја започна акцијата „Сабја“, во која беа уапсени повеќе од 11.000 лица.

Втората жена што ја извршуваше функцијата вршител на должноста претседател на Република Србија беше социјалистката Славица Ѓукиќ Дејановиќ. Таа на таа функција беше значително пократко, од 5 април до 31 мај 2012 година.

На оваа должност стапи по сила на закон од позицијата претседателка на Народното собрание на Република Србија, откако тогашниот претседател Борис Тадиќ поднесе оставка за да бидат распишани и вонредни претседателски избори.

Според слично сценарио, односно закон, и актуелната претседателка на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, би можела накратко да седне во претседателската столица на „Андриќев венец“.

Брнабиќ на тој начин би ги заокружила сите три најважни функции во државата. Во својата биографија би можела да запише дека била премиерка, претседателка на највисокиот законодавен дом – Народното собрание, како и в.д. претседателка на Србија.

Сепак, на оваа последна функција би можела да се задржи најмногу три месеци, барем така вели Законот за претседателот на Србија.

Кои се надлежностите на вршителот на должноста претседател?

Брнабиќ на таа функција би ги примала опозивните и акредитивните писма од странските дипломатски претставници. Би можела накратко да стане и врховен командант на армијата, односно би можела да ги врши надлежностите во областа на одбраната на Република Србија и да командува со Војската на Србија, како и секој изгласан закон да го прогласи со указ.

Таа можела да распише и избори за Народното собрание и да му предложи кандидат за претседател на Владата на Народното собрание. А, законот вели и дека претседателот на Народното собрание кој го заменува претседателот на Републиката е должен да го распушти Народното собрание во сите случаи во кои тоа е уставна должност на претседателот на Републиката.

Понатаму, законот наложува и дека нови избори за претседател би морале да бидат распишани во рок од 90 дена од поднесувањето на оставката на претседателот.

Од денот на распишувањето на изборите до денот на гласањето не може да поминат помалку од 30, ниту повеќе од 60 дена.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img