домаШоубиз„НА СМЕТКАТА ИМАМ СТОТИЦИ МИЛИОНИ, НО СÈ Е БЕСМИСЛЕНО: Се облекувам како...

„НА СМЕТКАТА ИМАМ СТОТИЦИ МИЛИОНИ, НО СÈ Е БЕСМИСЛЕНО: Се облекувам како бездомник и всушност не сакам ништо“

- Advertisement -spot_img

Британскиот боксерски шампион Тајсон Фјури во искрена животна исповед проговори за богатството, славата, спортските успеси и вистинските вредности во животот.

Иако само од боксот заработил повеќе од 200 милиони долари, Фјури признава дека парите и освоените шампионски појаси со текот на времето го изгубиле своето значење.

„Седам овде со вас, имам стотици милиони на банкарската сметка. Постигнав сè што можев во боксот и го освоив секој појас. Можам да одам каде што сакам и да купам сè што ќе посакам. А всушност не сакам ништо. Живеам на островот Ман, облечен како бездомник. Која беше смислата на сето тоа?“, се запраша Фјури.

- Advertisement -

Познатиот боксер, кој со сопругата Парис има седум деца, призна дека најмногу жали за пропуштените моменти со семејството.

„Ја потрошив младоста. Бев далеку од семејството и ги пропуштив најважните моменти во мојот живот, оние со сопругата и децата“, истакна тој.

Во разговорот се осврна и на богатството на Илон Маск, посочувајќи дека ниту најбогатите луѓе на светот не можат да го понесат своето богатство со себе кога ќе умрат.

Фјури во 2015 година го победи Владимир Кличко, по што се соочи со депресија, зависности и сериозни проблеми со телесната тежина. Во рингот се врати во 2018 година, а две години подоцна ја освои титулата на ВБЦ со победата над Дионтеј Вајлдер.

Денес, сепак, славниот боксер има поинакви приоритети. За него, времето поминато со семејството е повредно од сите шампионски титули и заработени милиони.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img