На 19.09.2026 во 16:30 часот во с. Топлица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишија од слобода 16-годишен малолетник од с. Топлица. Тој се сомничи за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, односно управувал патничко моторно возило „мицубиши колт“ без регистарски таблички и во с. Добридол предизвикал сообраќајна несреќа, по што го напуштил местото на настанот. Возилото е одземено и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.






