3.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортМакедонските фудбалери ги стартуваа подготовките за дуелите со Летонија и Велс

Македонските фудбалери ги стартуваа подготовките за дуелите со Летонија и Велс

- Advertisement -spot_img

Македонската фудбалска репрезентација попладнево ги стартуваше мини подготовките за двата ноемвриски натпревари, контролниот дуел со Летонија в четврток во Скопје и завршниот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство 2026 против Велс на 18 ноември во Кардиф.
Селекторот Благоја Милевски повика 28 фудбалери, меѓу кои го нема повредениот Езџан Алиоски, додека во репрезентативниот табор се вратија Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски.

Репрезентативецот Лука Станковски верува дека дуелот со Летонија може да донесе позитивни работи, особено за фудбалерите кои чекаат шанса и поголема минутажа во репрезентативниот дрес.

„Што се однесува до натпреварот со Летонија, како и секогаш, Македонија, оди на победа. Денес секоја репрезентација има свој квалитет, така што очекувам одличен натпревар, да стекнеме самодоверба и да дојдеме до посакуваната победа“, изјави Станковски, додавајќи дека потоа следува клучниот натпревар во Кардиф.

„Против Велс е клучниот натпревар од квалификациите. Се надевам дека овојпат нема да биде слично како против Белгија, но и тој натпревар беше дел од нашата тактика и успеавме да извлечеме добар резултат. Тактиката е задача на селекторот, а наша задача е да ја спроведеме на терен. Се надеваме на добар настап и на освоени три бодови во Велс. Искрено, не мислам дека сè зависи од среќата, иако и таа е фактор во денешниот фудбал. Ние имаме јасна тактика и верувам дека тоа ќе биде клучот за успех“, посочи фудбалерот на Раднички Крагуевац.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img