3.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeТехнологијаInstagram ја менува стратегијата: Помалку хаштази, поголем фокус на содржината

Instagram ја менува стратегијата: Помалку хаштази, поголем фокус на содржината

- Advertisement -spot_img
Извршниот директор на Instagram, Адам Мосери објасни и зошто компанијата се одлучила на овој чекор.

Секојпат кога корисниците објавуваат фотографија или видео на Instagram, се надеваат дека ќе соберат што е можно повеќе прегледи, лајкови и коментари. На мрежата постојат бројни совети како една објава може да стане вирална, а некои корисници имаат и свои тајни за кои се надеваат дека ќе им помогнат да ја зголемат популарноста на објавите. Дел од нив веруваат дека ќе го „привлечат“ алгоритмот ако под објавата стават многу хаштагови, но од Instagram порачуваат дека тоа не е добра идеја.

Фокус на релевантна содржина

Таквите хаштази навистина можат да помогнат кога станува збор, на пример, за пребарување, но тоа не значи дека ќе придонесат за поголем досег на објавата. Наместо да се фокусираат на пишување голем број ознаки, Мосери вели дека фокусот треба да биде на содржината за која веруваат дека може да ги привлече нивните следбеници и други корисници.

Од оваа компанија и претходно се обидуваа да ги спречат корисниците да спамаат со ознаки, па повеќепати нагласуваа дека тие не се во фокусот при пронаоѓање и препорачување содржина на оваа социјална мрежа. За оние кои, и покрај сите совети од Instagram, и понатаму планираат да ги придружуваат своите објави со бројни хаштагови, од компанијата немаат добри вести. Имено, најавија воведување ограничување на бројот на такви ознаки, па во иднина за секоја објава ќе може да се напишат максимум пет хаштагови.

Instagram и во текот на изминатата година веќе експериментираше со вакви ограничувања, а за време на последниот експеримент бројот на хаштагови беше ограничен на само – три. Сепак, на крајот малку ги ублажија ограничувањата, така што корисниците во иднина ќе можат да користат пет хаштази, односно под објавите на оваа социјална мрежа повеќе нема да можат да стават повеќе од тој број ознаки.

Со користење помал број хаштази, но само оние што навистина се поврзани со содржината што се објавува, објавите ќе им се прикажуваат на луѓе на кои навистина им е важна таа тема, додека користењето небитни и генерички ознаки може само да им наштети на перформансите на објавата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img