домаСпортВардар славеше, навивач на Арсими лишен од слобода!

Вардар славеше, навивач на Арсими лишен од слобода!

- Advertisement -spot_img

Екипата на Вардар ја продолжи борбата за врвот во Првата македонска фудбалска лига со важна гостинска победа над Арсими од 0:1, но натпреварот во Гостивар го обележа и инцидент надвор од фудбалските случувања, за кој информираше Министерството за внатрешни работи.

„Црвено-црните“ ја оправдаа фаворитската улога и ги освоија трите бода благодарение на погодокот на Бобан Николов во 19. минута. По асистенцијата на Закариќ, Николов со удар со глава ја затресе мрежата на домаќините и го постигна единствениот гол на натпреварот.

Вардар уште од самиот почеток ја презеде иницијативата, а во 15. минута Матиќ успеа да постигне гол, но по интервенција на ВАР-погодокот беше поништен поради офсајд. Четири минути подоцна, гостите, сепак, стигнаа до водство, кое на крајот се покажа како доволно за победа.

- Advertisement -

Во продолжението Вардар имаше неколку можности да ја зголеми предноста, но не ги искористи. Арсими се обиде да се врати на натпреварот, но во 68. минута остана со играч помалку откако Арџенд Гафури доби црвен картон по удар со лакотот во лицето на Мигел Пиреш, по прегледувањето на снимката од ВАР.

Гостите не успеаја да постигнат и втор погодок, но ја зачуваа минималната предност и заминаа од Гостивар со цел плен. Арсими, пак, останува на дното на табелата.

Сепак, покрај фудбалските случувања, во билтенот на МВР е регистриран и инцидент на градскиот стадион во Гостивар. Според полициските информации, 25-годишен жител на Чегране претходно фрлил предмет кон теренот, се качил на заштитната ограда, ги нападнал судиите и се обидел да влезе на теренот, но бил спречен од полициските службеници, кои го лишиле од слобода.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно со Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img