домаСветФранцускиот премиер свика кризен состанок откако училишните протести се проширија на универзитетите

Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните протести се проширија на универзитетите

- Advertisement -spot_img

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен состанок бидејќи растечките студентски протести поради условите во училиштата се проширија низ целата земја и во некои случаи станаа насилни, јавува ДПА.

Се очекува неколку министри да разговараат за ситуацијата во средните училишта по повеќедневните протести со кои се бара повеќе средства и персонал.

За време на вчерашните протести уапсени се над  600 лица врз основа на обвинувања за палење и напади врз полицајци.

Протестите утрово се проширија на универзитетите, а беа пријавени блокади на околу 30 кампуси, пренесе студентскиот сојуз Union Étudiante.

На други места денеска многу ученици мирно демонстрираа поради дотраените училишни  згради, преполните училници и недостаток на наставници, додека насилство и вандализам беа пријавени во други области, пренесува ДПА.

На многу места беа запалени контејнери за ѓубре и фрлани беа петарди, додека влезната сала на средно училиште во западниот град Нант беше запалена.

Медиумите, исто така, објавија напади врз автобуси и автобуски станици. На неколку места каде имаше насилни протести полицијата употреби солзавец против демонстрантите, јави ДПА.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img