Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи попладнево на патот Радишани–Побожје, каде животот го загуби 21-годишен мотоциклист. Според првичните информации, во судирот учествувале автомобил и мотоцикл, а причините за несреќата ги утврдува полицијата.
Информацијата ја потврди д-р Драган Панов, раководител на смена во Итната медицинска помош – Скопје. Според првичните информации, во несреќата учествувале автомобил и мотоцикл.
– По пристигнувањето на местото на несреќата, нашата екипа констатираше смрт без витални знаци на живот – изјави д-р Панов.
На местото на несреќата увид врши полицијата, која треба да ги утврди причините и околностите под кои се случила трагедијата.






