домаСветДемонстрант починал на протестите во Париз

Демонстрант починал на протестите во Париз

- Advertisement -spot_img

Еден демонстрант починал за време на протестите во Париз, откако му се слошило на булеварот Маџента, по кој се движела поворката, соопшти француската полиција.

Други демонстранти го однеле до медицинскиот центар „Шато д’О“, каде што починал пред самиот влез, пренесува БФМТВ. Париската полициска префектура соопшти дека смртта настапила како последица на кардиореспираторен застој.

Во меѓувреме, париската префектура соопшти дека во главниот град на Франција биле приведени 855 лица, што претставува рекорден број.

Пожар во градското собрание во Лимож

Во Лимож, префектот на департманот Горна Виена, Морис Барат, соопшти дека пожарот во градското собрание бил локализиран.

„Пожарот бил подметнат“, објави Барат, осудувајќи го инцидентот и групата што го предизвикала пожарот и сериозно ја оштетила општинската зграда од 19 век.

За време на демонстрациите во Лимож биле приведени 17 лица, меѓу кои седум малолетници, соопштило градското обвинителство за БФМТВ.
Отворена е истрага за „уништување имот со опасни средства во организирана група“.

„Одредени граѓани исто така биле нападнати на маргините на собирите. Евидентирањето на жртвите ќе биде извршено во најкраток можен рок“, соопштило обвинителството.

Околу 550.000 демонстранти низ Франција

Насилство избило низ Франција во саботата, за време на најновиот бран демонстрации против лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот.

Француската влада соопштила дека дошло до „ескалација на насилството“, проценувајќи дека околу 550.000 луѓе излегле на улиците во француските градови.

Во Лион приведени 160 лица, повредени 100 полицајци

Префектот на департманот Рона, Етјен Гијо, на прес-конференција изјавил дека за време на демонстрациите во Лион биле приведени 160 лица, од кои 124 полнолетни.

„Иако нема жртви, ова е неподносливо“, изјавил Гијо, потврдувајќи дека во судирите со демонстрантите биле повредени 100 полицајци, пренесува БФМТВ.

Градоначалникот на Лион, Грегори Дусе, предупредил дека од насилството за време на протестите ќе мора да се извлечат поуки.

„Кога гледам како е запалена и нападната оваа туристичка организација, кога гледам трговци од кои некои изгубиле сè, ме преплавуваат емоции. Го разбирам гневот, го разбирам стравот, бидејќи и јас го чувствувам истото. Хаосот во градот е ужасен. Ќе мора да извлечеме поуки од сето ова“, изјавил Дусе.

За време на демонстрациите во Лил, во департманот Нор, во регионот О де Франс на северот на Франција, биле уапсени 69 лица, од кои 56 биле задржани во притвор.

Обвинителството одобрило користење снимки од надзорните камери на дронови со цел да се идентификуваат евентуалните учесници во нередите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img