домаСпортЗагуби со 25 разлика, па доби отказ

Загуби со 25 разлика, па доби отказ

- Advertisement -spot_img

Екипата на Вашингтон визардс реши да ја прекине соработката со главниот тренер, Брајан Киф, по новиот убедлив пораз во НБА-лигата. Тимот од главниот град загуби од Орландо со 116:91, а раководството процени дека е време за промена на тренерската позиција.

Поразот беше особено болен поради начинот на кој беше забележан. Орландо на полувремето имаше предност од 30 поени, само по неколку дена откако губеше Вашингтон на паузата со идентична разлика од Бостон. Така, Визардс стана првиот тим во историјата на НБА што на два последователни натпревари на полувремето имал негатива од најмалку 30 поени.

Киф ја презеде екипата во јануари 2024 година, наследувајќи го Вес Анселд, но не успеа да ги промени работите. Во текот на својот мандат оствари само 50 победи наспроти 173 порази, што е најлош учинок во НБА во тој период.

- Advertisement -

Меѓу тренерите што воделе најмалку 200 натпревари во најсилната кошаркарска лига, Киф го има и најслабиот процент на победи во историјата.

До назначувањето нов тренер, функцијата привремено ќе ја извршува Адам Капорн. Раководството на Вашингтон допрва треба да пронајде долгорочно решение за клупата на тимот.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img