Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп починал утрово во болница, откако се здобил со тешки повреди за време на ноќната смена. Станува збор за 54-годишниот Т.Г., кој по несреќата бил итно пренесен во прилепската болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Од компанијата соопштија дека и покрај брзата реакција и напорите на медицинскиот тим, повредите биле фатални. Раководството и вработените изразија сочувство до семејството и најблиските на починатиот колега.
Веднаш по несреќата биле известени надлежните институции, а на местото се врши увид за утврдување на околностите и причините за настанот. Од „Мермерен комбинат“ велат дека целосно соработуваат со институциите и побараа почитување на приватноста на семејството. објави Скопје1.мк






