домаСветПавел: НАТО треба да одговори на руските ракети исто како Русија –...

Павел: НАТО треба да одговори на руските ракети исто како Русија – со сила

- Advertisement -spot_img

Чешкиот претседател Петр Павел денеска во Сенатот на чешкиот Парламент изјави дека земјите од НАТО треба да одговорат на провокациите – како што се навлегувањата на руски ракети и беспилотни летала во полскиот воздушен простор – на ист начин на кој би реагирала самата Русија: со сила.

„Русија не би се двоумела да употреби сила за да казни какво било нарушување на сопствениот воздушен простор. Кога сме сведоци на постојани навлегувања на суверената територија на членките на Алијансата, мораме да одговориме на начин што Русија ќе го разбере“, рече чешкиот претседател за време на јавна дискусија за подготвеноста на Чешката Република и нејзината војска за војни, хибридни напади и кризи.

Павел додаде дека тоа значи оти членките на НАТО треба да ги соборуваат беспилотните летала и ракетите за кои Русија тврди дека случајно навлегле во нивниот воздушен простор од правец на Украина. Тој нагласи дека Русија почитува само оние што се подготвени и решени да ѝ се спротивстават, како што е на пример Финска.

„Европските земји мора да настапуваат кон Русија од позиција на самодоверба, сила и притисок, за да се осигураат дека двете страни се придржуваат до правилата“, изјави Павел.

Чешкиот претседател предупреди на слабост во Чешката Република – како и во делови од Европа – која прави разлика помеѓу мир, криза и војна, додека Русија одамна се откажала од таков начин на размислување. Според него, Русија ја гледа историјата како континуиран конфликт во кој се менуваат само видовите и интензитетот на оружјето и мерките што се применуваат. Чешкиот претседател – пензиониран генерал и поранешен претседавач со Воениот комитет на НАТО – во неколку наврати претходно предупреди дека, поради навлегувањата на руски ракети и беспилотни летала, како и кратките влегувања на авиони и хеликоптери во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО, може да дојде ден кога западните сојузници ќе мора да соборат руско летало над сопствената територија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img