домаСпортСловенија доаѓа по победа во Скопје, ама без главниот стопер!

Словенија доаѓа по победа во Скопје, ама без главниот стопер!

- Advertisement -spot_img

Словенија одигра 0:0 со Швајцарија на домашен терен и со тоа ја зачува втората позиција на табелата во нашата група од Лигата на нации.

Нашиот следен ривал, кој во понеделник гостува во Скопје, утре во нашиот главен град ќе слета без главниот столб во одбраната. Јака Бијол од Лидс поради жолти картони нема право на настап на дуелот со Македонија, во кој гостинот влегува со една мисла – победа! Од претходно се знае дека „змајчеки“ го немаат и својот најдобар играч Бенјамин Шешко, кој е во аут поради повреда.

Словенија со три бода од Скопје ќе остане зад Швајцарија, која ја осигура водечката позиција во групата и пласманот во А-сегментот од Лигата на нации. Словенија сака да биде пред Шкотска и да игра бараж за пласман во групата каде што се елитните селекции. Македонија нема што да загуби и ќе игра барем за првиот бод во групата.

А кого би победиле ако не Словенија…!

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img