Вчера во 18:19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(62) од Скопје, удрило во 81-годишната Р.А. од скопското село Стајковци.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.А., која од здобиените повреди подоцна починала во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје






