Концертот ќе се одржи во 19 часот во црквата „Ол Халоуc“ (All Hallows Church), во Твикенам, а публиката ќе има можност да слушне композиции во аранжман на Давор Јордановски, како и музика од аргентинскиот композитор Астор Пјацола.
Настанот е под покровителство на Министерството за култура и туризам на Северна Македонија. Влезниците се продаваат по цена од 10 фунти.
Настапот е дел од активностите за претставување на македонските музички уметници пред публиката во странство.






