Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со У.С.(27) од Кавадарци.
Како што се наведува во полицискиот билтен, претходно, 54-годишен кавадарчанец пријавил дека ја забележал неговата малолетна ќерка со У.С., кој имал судско решение за забрана да ја малтретира, вознемирува или на било кој начин да контактира со малолетничката.
Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






