домаСпортОткако Вардар се врати во ПМФЛ има само две победи против Шкендија,...

Откако Вардар се врати во ПМФЛ има само две победи против Шкендија, тетовци имаат шест!

- Advertisement -spot_img

Во сабота од 14 часот во Гостивар, во меч од 11.коло се игра мега – дерби. Играат Шкендија и Вардар по вторпат сезонава, играат најголемите и најтрофејните клубови во Македонија.

Шкендија има 23 бода и е лидер, а Вардар е трет со 20 бодови. Јасно е што значи овој меч за двете екипи во битката за титулата иако не смееме да заборавиме ни на Струга ТЛ која во сезоните 2022/23 и 2023/24 и тоа како доминираше во ПМФЛ, а и сега покажува дека има квалитет и има високи амбиции.

Познато е дека во меѓусебниот скор меѓу Шкендија и Вардар тетовци се подобри, но да не одиме толку далеку во историјата. Да земеме впредвид само она што се случуваше откако Вардар се врати во ПМФЛ.

Па така од таа 2023/24 сезона, кога Вардар повторно беше во елитата, овие два клуба одиграле 10 официјални првенствени натпревари во ПМФЛ. Билансот е 6 победи на Шкендија, две ремија и две победи на Вардар од која една беше онаа од минатата сезона во последното коло која беше тотално неважна ако се знае дека пред тој меч Вардар стана шампион, сепак победа си е победа. Гол разликата е 16:7 во корист на Шкендија.

Во продолжение можете да ги видите резултатите од сите десет меча меѓу Шкендија и Вардар откако скопските „црвено – црни“ се вратија во ПМФЛ:

СЕЗОНА 2023/24

Вардар – Шкендија 0:2

Шкендија – Вардар 3:0

Вардар – Шкендија 1:1

СЕЗОНА 2024/25

Шкендија – Вардар 4:0

Вардар – Шкендија 1:2

Вардар – Шкендија 1:1

СЕЗОНА 2025/26

Шкендија – Вардар 0:1

Вардар – Шкендија 0:1

Вардар – Шкендија 3:0

СЕЗОНА 2026/27

Вардар – Шкендија 0:2

ВКУПНО ШКЕНДИЈА – ВАРДАР

10 6 2 2 16:7

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img