домаРегионПОСЛЕ СЕДУМ ГОДИНИ ПОВТОРНО ДИРЕКТЕН ВОЗ ДО БЕЛГРАД: Познато е колку ќе...

ПОСЛЕ СЕДУМ ГОДИНИ ПОВТОРНО ДИРЕКТЕН ВОЗ ДО БЕЛГРАД: Познато е колку ќе трае патувањето од Виена и колку ќе чини билетот!

- Advertisement -spot_img

Австриските федерални железници (ÖBB) го претставија новиот зимски возен ред, во кој е предвидено повторно воспоставување директна железничка линија меѓу Виена и Белград. Според плановите, возовите треба да сообраќаат двапати дневно во секоја насока, а патувањето меѓу двата града би траело приближно шест часа и 30 минути.

Како што пренесува N1, новиот зимски возен ред на ÖBB треба да стапи во сила на 13 декември 2026 година. Директната железничка врска со Белград е планирана за 2027 година и би била прва од ваков вид по 2019 година.

Според информациите објавени од австриската информативна емисија „Zeit im Bild“ на нејзиниот официјален профил на Инстаграм, се очекува билетот во еден правец да чини најмалку 43,90 евра.

Сепак, од ÖBB појаснуваат дека точниот датум за почеток на сообраќајот сè уште не е дефинитивно утврден. Реализацијата на планот зависи од добивањето на потребните дозволи за користење на железничката линија низ Унгарија.

Тоа значи дека директните возови меѓу Виена и Белград не мора да почнат да сообраќаат токму на 13 декември, кога стапува во сила зимскиот возен ред.

Возовите би можеле да тргнат во втората половина на декември

Унгарскиот министер за транспорт, Давид Витези, неодамна изјави дека се завршени тестирањата на делницата за брзи возови од Будимпешта до српската граница. Тој посочи и дека возовите кон Белград би можеле да започнат сообраќај во втората половина на декември.

Уште пред една година, ÖBB за N1 потврдија дека планираат повторно воспоставување на линијата Белград – Виена.

Поконкретно, во ноември 2025 година, Австриските федерални железници соопштија дека, во соработка со Унгарските државни железници (MÁV), работат на планот за воспоставување железничка врска меѓу двата града.

„Заедно со нашиот партнер MÁV, планираме во иднина да ги воведеме возовите 144 и 148 на релација Белград – Будимпешта – Виена. Во спротивна насока, меѓу Виена, Будимпешта и Белград ќе сообраќаат возовите 141 и 147“, изјавија тогаш од ÖBB за N1.

Од железниците објаснија дека овие возови во моментот сообраќаат само на релацијата Виена – Будимпешта. Со планираната промена, постојните линии би биле продолжени до Белград, со што патниците би добиле директна железничка врска меѓу австриската и српската престолнина.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img