домаСветАмерикански генерал: НАТО е далеку помоќен од Русија, не верувам дека Путин...

Американски генерал: НАТО е далеку помоќен од Русија, не верувам дека Путин ќе ја нападне Европа

- Advertisement -spot_img

Воените способности на НАТО значително ги надминуваат руските, изјави врховниот командант на силите на Алијансата, американскиот генерал Алексус Гринкевич, во интервју за германскиот неделник „Шпигел“, пренесува Хина.

Гринкевич истакна дека воените капацитети што НАТО би ги употребил во случај на поголем конфликт се далеку помоќни од оние со кои располага Москва. Како пример наведе дека Русија нема современи борбени авиони Ф-35, ниту голем број модерни разурнувачи и подморници какви што поседува Алијансата.

Генералот изрази уверување дека Русија нема да започне конвенционален напад од големи размери врз Европа, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин прибегнува кон саботажи и други методи бидејќи не сака директен судир со НАТО.

Според него, тоа е резултат на военото одвраќање, кое НАТО мора да го одржува преку модернизација, обуки и демонстрација на своите способности.

„Мораме работите да ги наречеме со вистинското име: саботажа, подметнување пожари или терористички напади се прецизни термини што бараат јасни одговори“, рече Гринкевич, оценувајќи дека изразот „хибридни напади“ е премногу неодреден.

Тој предупреди дека Путин игра „опасна игра“, обидувајќи се да ги убеди европските граѓани дека поддршката за Украина може да доведе до војна со Русија.

Осврнувајќи се на руските закани поврзани со Калининград, Гринкевич нагласи дека НАТО е одбранбен сојуз и ќе дејствува само доколку биде нападнат.

„Русија не треба да се грижи за Калининград“, рече генералот, додавајќи дека руските сили во оваа област се ослабени поради војната во Украина, додека НАТО го зајакнал своето присуство на Балтикот.

„Ситуацијата таму е воено неповолна за Русија“, заклучи Гринкевич.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img