домаСпортДесет лица уапсени по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити

Десет лица уапсени по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити

- Advertisement -spot_img

фото: AS @Anfield_Sector (X)

Десет лица биле уапсени по натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, одигран на „Енфилд“, а петмина од нив се осомничени за навредливо скандирање поврзано со фудбалски трагедии. Инцидентите се случиле за време на дербито од англиската Премиерлига, во кое Манчестер сити славеше со убедливи 3:0.

Според информациите на британските медиуми, меѓу пријавените инциденти имало и сериозен напад врз полициски службеник, кој бил повреден за време на интервенцијата. Полицијата презела мерки за обезбедување на натпреварот и за спречување на нарушувања на јавниот ред.

Особено внимание привлече сомнежот за таканаречено „трагично скандирање“ – навреди поврзани со смртни случаи и трагедии од фудбалската историја. Таквото однесување е предмет на полициски истраги во Англија и може да доведе до кривична одговорност.

Дербито се одигра во наелектризирана атмосфера, откако навивачите на Ливерпул остро реагираа на неодамнешната одлука со која Манчестер Сити беше прогласен за виновен за повеќе прекршувања на финансиските правила на Премиерлигата. Клубот ги негира обвинувањата и поднесе жалба на одлуката.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img