Битолската полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма бидејќи неправилно го пресметувал ДДВ-то што требало да го плати и затаил 77.804 евра.
– СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Т.(58) од Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘даночно затајување’. Првопријавениот, како управител и сопственик на второпријавеното правно лице, во текот на 2024 година не ги водел точно евиденциите на документацијата како даночен обврзник и неправилно и неточно ја пресметувал обврската да плати ДДВ во соодветниот даночен период со вкупен износ од 4.787.025 денари без пресметана камата, соопшти МВР.






