домаСпортАко некој мислеше дека е готово со него се излажал… Чеферин со...

Ако некој мислеше дека е готово со него се излажал… Чеферин со кандидатура за четврти мандат во УЕФА

- Advertisement -spot_img

На официјалниот состанок на претставниците на членките на УЕФА кој што се одржа во Берлин, првиот човек на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин објави дека ќе се кандидира за оваа функција по четврти пат.

Словенецот е на оваа функција од 2016 година, ќе бара нов мандат до 2031 година на конгресот на УЕФА следната година во Астана, Казахстан.

Иако тој најави дека нема повеќе да го прави тоа, сепак, во меѓувреме една од најмоќните фудбалски фигури во историјата на овој спорт, во меѓувреме се предомисли.

Чеферин и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се во отворен конфликт околу голем број прашања. Словенецот веќе ја отфрли можноста да се кандидира за претседател на управното тело на светскиот фудбал против Инфантино.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img