Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од слобода биле лишени 14 лица, затоа што кај нив при преглед била пронајдена дрога.
Од МВР информираат дека изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(44), М.Љ.(20), Х.Х.(37), С.С.(29), М.С.(40), Б.Б.(32), 22-годишната М.М. и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Р.А.(47) од село Арачиново, А.Ч.(27) и Т.Е.(23) двајцата од Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, бела прашкаста и бела грутчеста материја.
Вчера во 12:00 часот на место викано „Три багреми” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.А.(45), Е.А.(46) и Н.А.(19), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај А.А. била пронајдена марихуана, а во дворно место од куќата на Е.А., биле пронајдени 18 пакувања марихуана.
„По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци“, посочија од МВР.






