домаХроникаГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ОД УТРОВО: Претреси и апсења на лица осомничени за...

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ОД УТРОВО: Претреси и апсења на лица осомничени за криумчарење и корупција

- Advertisement -spot_img

Обвинителството официјално потврди дека рано утрово започнала голема полициска акција насочена кон криминална група осомничена за криумчарење стоки и кривични дела од коруптивна природа.

Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО за ГОКК.

„Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации. По нивното завршување, обвинителството подетално ќе ја информира јавноста“, соопштија од Обвинителството.

Како што претходно објавивме, според првичните и неофицијални информации, акцијата се спроведува на подрачјето на Скопје, вклучително и Чаир, како и во Тетово и Гевгелија.

Според информациите со кои располагаме, предмет на истрагата се сомненија поврзани со криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, а меѓу лицата опфатени со акцијата има и вработени во Царинската управа.

Првичните информации се дека шест лица се уапсени, додека по уште неколкумина се трага. Во тек се претреси на повеќе од десет локации.

При претресите во Скопје и Тетово, според нашите информации, во простории поврзани со правен субјект бил пронајден магацин со различни медицински лекови, како и машина за екстракција на масло.

Овие детали засега не се потврдени во првичното соопштение на Обвинителството. Оттаму најавуваат дека повеќе информации за резултатите од акцијата ќе бидат соопштени по завршувањето на претресите и другите истражни дејствија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img