Кумановец пукал во воздух по расправија меѓу повеќе лица во стан во Куманово.
– На 08.07.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Г.А.(43) од Куманово, Ќ.М.(41), А.М.(34) и И.М.(67) сите од село Липково, општина Липково, постапувајќи по претходна пријава дека во стан на ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која Г.А. од огнено оружје, испукал неколку куршуми во воздух, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.






