Полициски службеници од СВР Скопје синоќа привеле 59-годишен маж, откако бил пријавен дека недолично се однесувал кон жена во продажен објект во скопската населба Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 јули околу 22:10 часот бил лишен од слобода М.Н. (59), со престојувалиште во Скопје, по претходна пријава дека во продавница допирал по телото 31-годишна жена.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничениот.






