домаХроникаДЕВОЈКА ОД МАКЕДОНИЈА НАЈДЕНА ПОЧИНАТА ВО СТАН ВО СОЛУН, се качуавле преку...

ДЕВОЈКА ОД МАКЕДОНИЈА НАЈДЕНА ПОЧИНАТА ВО СТАН ВО СОЛУН, се качуавле преку балкони до неа

- Advertisement -spot_img

Во стан во Солун, вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, откако членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, нејзино блиско лице се качило на вториот кат од зградата и влегло во станот преку балконската врата, каде што ја пронашло 24-годишната без знаци на живот.

На местото бил повикан лекар од судска медицина, кој при надворешниот преглед на телото не забележал траги што би укажувале на кривично дело.

По обдукција на телото ќе се утврдат точните околности и причините за смртта.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img