Еден целосно и еден делумно изгорен автомобил во скопски Аеродром. Инцидентот се случил во раните утрински часови.
Во 3 часот и 15 минути наутро во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на 19 годишно момче од Скопје.
Од пожарот било оштетено и друго паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на 46 годишен човек.
Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа. Извршен е увид – соопштија од МВР за ТВ 24 и посочија дека во тек е истрага за причините.








