Вчера Бујар Османи јавно ја потврди средбата со бегалецот од правдата Никола Груевски, а денеска истата ја демантира. Оваа ненадејна промена, според Аднад Азизи, не е ништо друго освен лага во паника, откако Османи видел колку силно реагираа Албанците на неговото признание.
Азизи потсетува дека ДУИ и Бујар Османи и денеска соработуваат со Никола Груевски и со Сашо Мијалков. Тој потсетува дека бегството на Груевски било организирано со нивна поддршка, а Законот за амнестија за Мијалков бил изгласан токму со нивните гласови.
„ДУИ со години му обезбедуваше кворум и поддршка на Никола Груевски, во времето кога се градел ‘Скопје 2014’, кога се случи случајот ‘Монструм’, случајот ‘Маало на храбрите’, како и сите напади врз Албанците“, пишува Азизи.Тој додава дека сите овие факти го откриваат денешното лицемерие на Османи.
„Тој сака да ја избрише вистината, но фактите остануваат: ДУИ е партијата која отсекогаш била во линија со оската Вучиќ–Груевски“, нагласува Азизо.
Азизи е убеден дека Албанците нема да бидат измамени уште еднаш. „На 19 октомври тие ќе дадат одговор на лагите и предавствата на ДУИ“, стои во неговата објава.







