Вчера во 12:50 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Л.М. (73) од истото село.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, тој претходно запалил оган на нива, во сопственост на неговиот брат, кој се проширил и зафатил сува трева, дел од игралиште, нива засадена со луцерка, во сопственост на Ѓ.А., засадени дрва ореви, во сопственост на И.Ј. мал дел од сушара за тутун, во сопственост на П.В., а постоела опасност пожарот да се прошири и да ги зафати и околните куќи.
Повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Радовиш го изгаснала пожарот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






