домаСвет30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

- Advertisement -spot_img

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што минува низ врвот постојано се шири, а експертите проценуваат дека по падината би можеле да се срушат и до 400.000 кубни метри карпи и отпаден материјал.

Од јуни наваму, од планината веќе се одрониле околу 2.000 кубни метри карпи, но истражувачите сметаат дека следното уривање би можело да биде значително поголемо. Пукнатината постои уште од XIX век; она што некогаш било процеп широк колку човечки раменици, сега се проширило на неколку метри. Експертите ја следат критичната област веќе 12 години, а од 2018 година се потпираат на трајно поставени сензори и опрема за мерење. За следење се користи и дрон опремен со ласерски скенер.

Оваа пролет беа забележани поместувања од по пет милиметри неделно. На планината се поставени повеќе од 30 сензори за со голема прецизност да се детектираат промените и движењата на карпите. Поради опасноста, искачувањето од австриската страна е веќе некое време затворено за планинарите, додека пристапот од германската страна останува отворен.

Климатските промени го забрзуваат процесот

Експертите предупредуваат дека екстремните временски услови дополнително го забрзуваат процесот. Обилните дождови, грмотевиците и топењето на снегот – појави што се интензивираат поради климатските промени – можат да влијаат врз брзината и зачестеноста на одроните. „На Хохфогел е видливо јасното влијание на обилните врнежи – особено на силните дождови, грмотевиците и топењето на снегот“, изјави Јоханес Лаинауер, член на истражувачкиот тим од Техничкиот универзитет во Минхен.

Научниците продолжуваат да ја следат состојбата на планината за навреме да ги детектираат сите промени што би можеле да укажуваат на претстојно големо одронување на карпи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img