Home » Зошто вториот ден од менструацијата е секогаш најболен за повеќето жени?

Зошто вториот ден од менструацијата е секогаш најболен за повеќето жени?

by Журнал.мк

Многу жени ќе се согласат дека вториот ден од менструацијата е секогаш најболен. Сепак, ова не е случајно и има научно објаснување зошто токму тој ден е најлош.

Менструалните болки можат да бидат екстремно силни, а жените често мора да прибегнуваат кон лекови за да се справат со грчеви, замор и промени во расположението.

Главната причина што вториот ден од вашиот менструален циклус е толку ужасен лежи во хормоните – поконкретно, простагландините, кои се појавуваат кога нивото на прогестерон се намалува.

„Како што слузницата на вашата матка се распаѓа, простагландините – хемикалии слични на хормони – се ослободуваат во телото“, вели д-р Фатема Мустансир Давудбхој, специјализирана за гинекологија.

Според неа, се смета дека вишокот на простагландини се главната причина за оние досадни грчеви што ги чувствувате додека ја стимулираат вашата матка да се контрахира, помагајќи да се исфрли старото ендометријално ткиво кое се ослободува од вашето тело како менструална крв.

„Простагландините, исто така, ги стеснуваат крвните садови во матката, намалувајќи ја количината на кислород што го прима ткивото на матката, што доведува до грчеви и болка“, објаснува таа.

Нивото на простагландин го достигнува својот врв на вториот ден од менструацијата, што ја влошува болката. Гинекологот Емили Кот вели дека и други хормонални промени во првите неколку дена од менструацијата можат да влијаат на нашата перцепција за болката.

„Како и прогестеронот, нивото на естрогенот исто така опаѓа на почетокот на циклусот. Тоа значи дека другите болни состојби како мигрена или фибромијалгија може да се влошат кога ќе добиете менструација, бидејќи хормонот естроген паѓа на најниско ниво“, вели гинекологот Кот.

Фактот дека вашиот проток е обично посилен на вториот ден од циклусот, исто така, придонесува за поболни грчеви. Зголемениот волумен на крв може да доведе до поинтензивни грчеви и непријатност бидејќи матката работи понапорно за да ја исфрли менструалната крв.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk