Home » Зошто водата е добра за нашето здравје?

Зошто водата е добра за нашето здравје?

by Журнал

Човечкото тело во најголем процент се состои од вода, а тој варира во зависност од возраста. Секое живо суштество има потреба од вода за да функционира правилно, таа е незаменлива основа на сите телесни течности.

Телото има потреба од вода за речиси сите свои функции, за да ја ресорбира храната и да го елиминира отпадот, но и покрај тоа што на планетата Земја водата е застапена со 70%, сепак е докажано дека луѓето не ја консумираат во доволни количини.

Наспроти тоа се користат газирани пијалаци, кафе, алкохол, енергетски пијалаци, а сите тие предизвикуваат дехидрација на организмот. Кога не се пие доволно вода бубрезите и црниот дроб не можат правилно да се „исплакнат“, тогаш дебелото црево нема правилна перисталтика и со тоа се задржуваат токсините во телото. Така отпадот останува долго во организмот и има доволно време да ги апсорбира токсините повторно назад во крвотокот и до секој орган во телото.

Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Го намалува стресот и ја зголемува концентрацијата. Водата може да ја излечи главоболката. Сметајте ја водата за природно средство кое ја негува вашата кожа на различни начини. Кога телото е дехидрирано, нежните линии и брчките се повидливи. Исто така ја подобрува циркулацијата, па вашата кожа ќе придобие здрав сјај.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk