Home » Зошто силно не боли главата кога е жешко?

Зошто силно не боли главата кога е жешко?

by Журнал.мк

Главоболките не се невообичаени, а се појавуваат осум пати почесто на топло време. Освен што ја отежнуваат работата и концентрирањето на задачите, тие воопшто не се пријатни. Терапевтот Полина Шубина објасни зошто нашата глава може толку многу да не боли кога е жешко.

Првата причина е високата температура. “Секој организам реагира на топлина со проширување на крвните садови и последователно опаѓање на крвниот притисок. Кога крвниот притисок е премногу низок, недоволна крв допира до сите делови на телото. Како резултат на тоа, клетките не добиваат доволно кислород и хранливи материи, што може да биде поттик за главоболки“, вели Шубина.

Второ, на жешко се потиме, губиме течност и важни минерали. Протокот на крв во кожата се зголемува, а крвниот притисок се намалува, што предизвикува главоболки кај некои луѓе.

Големата температурна разлика помеѓу надворешниот воздух и онаа на затворените климатизирани простори е исто така потенцијален предизвикувач за главоболки. Ако разликата е повеќе од пет степени, се препорачува да носите дополнителен слој облека за да ве загрее додека вашето тело не се аклиматизира на пониските температури.

Како да избегнете главоболка на топло?

-Пијте доволно течности
-Избегнувајте престој во загушливи
-Носете лесни и светли материјали
-Ако страдате од висок крвен притисок, не заборавајте да го земате лекот
-Истуширајте се со ладна вода
-Избегнувајте да бидете на отворено помеѓу 10 и 17 часот, кога сонцето е најсилно.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More