Home » Зошто Швајцарија сака да го ограничи слободното движење во ЕУ?

Зошто Швајцарија сака да го ограничи слободното движење во ЕУ?

by Журнал.мк

Швајцарската влада предупреди дека ќе побара ограничување на слободното движење на граѓани од Европската Унија доколку нето-имиграцијата или зависноста од социјална помош ја надминат прифатливата граница.

Иако Швајцарија и ЕУ во декември минатата година постигнаа договор за продлабочување на економската соработка — наспроти противењето на националистичките кругови кои ја гледаат ЕУ како закана за суверенитетот — прашањето за миграцијата останува чувствително. Власта затоа предлага воведување на т.н. заштитна клаузула.

Министерот за полиција, Беат Јанс, објасни дека оваа клаузула ќе овозможи интервенција ако бројот на доселени од ЕУ, прекуграничните работници, стапката на невработеност или зависноста од социјална помош се зголемат над предвидените нивоа.

– Заштитната клаузула е како апарат за гаснење пожар закачен на ѕидот – не го користите секој ден, но кога ќе избие пожар, среќни сте што го имате, изјави Јанс за Ројтерс.

Во случај клаузулата да биде активирана, ситуацијата ќе се разгледува во заеднички комитет меѓу Швајцарија и ЕУ. Ако не се постигне договор за натамошно постапување, Швајцарија ќе се повика на арбитражен суд.

Во последните години, земјата бележи забрзан раст на населението, што доведе до засилени повици од десничарските партии за построги правила за имиграција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk