Зоран Рудан Цеки (57), познатиот кантавтор и пејач од Македонија реши да си ја проба среќата и во регионалното талент натпреварување за возрасни, „Никогаш не е доцна“, а овој момент беше особено емотивен за него.
Љубовта кон музиката ја гаи уште од мали нозе, а радоста не можеше да ја скрие кога првпат се појавил на големата сцена на Гранд. Воопшто не е чудно што Зоран покажа голем талент, бидејќи првите чекори во светот на музиката ги направил уште во градинка, кога за прв пат зел в раце хармоника.
„Се’ уште сум на југословенска фреквенција. Откако Југославија се распадна, тој дух остана некако заробен во мене. Мојот прв инструмент беше усна хармоника. Тато дојде да ме земе во градинка и таму му рекоа дека супер ги забавувам, а тој праша: „Не знае да свири, како?“, а јас едноставно ја зедов хармоника и свирев“ – раскажа Цеки и продолжи:
„Имав бенд ‘Рок систем’. Имав два паралелни света, ги сакав и ‘Бијело дугме’ и ‘Шарло Акробата’ и тие се неспоиви. Работев некое време во пошта, но сфатив дека тоа не е за мене, не можев долго да издржам. Музиката секогаш беше тука во мене. Моите деца пораснаа и се иселија, сега тука сме само јас и сопругата“ – раскажа Цеки.
Голема поддршка таа вечер ја доби неговиот колега од бендот Стевче Грозданов, кој со гордост го претстави Жика Јакшиќ.
„Стевче и нашиот Зоран имаат бенд ‘Бело копче’. Ако не знаете што е ‘копче’, на македонски значи ‘Бијело дугме’. Тие се од оние трибјут бендови кои имитираат големи бендови, во случајов ‘Бијело дугме’, се облекуваат и пеат исто. Стевче е гитаристот, како Бреговиќ, а Зоран е и Тифа и Ален и Бебек. Тој е таму во тројна улога“ – појаснуваше Жика претставувајќи ги Цеки и неговиот колега.
„Јас не сум само Жељко Бебек, јас сум и Ален и Тифа. Ги имитирам сите тројца. Трибјут значи дека свириш до тон, онака како што е на ЦД, така свириме. И ставаме перики и капи, за да изгледаме исто како да сме ‘Бијело Дугме“ – објасни пејачот.
„Зоране, ако се пласираш во вториот круг, донеси ја целата група „Бело копче“ овде во емисија“ – рече водителот. Цеки откри дека овоаа екипа не е негов единствен ангажман.
„Работам, настапувам насекаде по кафулиња во разни комбинации. Пејам и народни песни. Вистина е, не можам да бидам вистински фолкер, затоа што луѓето го знаат мојот начин на пеење, кој сепак е рокерски. Но, јас сум фалсификат. Добар фалсификат, оригинал фалсификат“ – нагласи Цеки. Тој откри дека не е само пејач, туку и текстописец.
„Пишувам песни за себе и за другите, а имам и свое студио. Јас сум вистински кантавтор“ – додаде тој и откри дека се’ уште нема соработувано со Калиопи, која беше во жирито на првата емисија на шоуто „Никогаш не е доцна“ во кое Цеки настапуваше.
Настапот на Зоран Рудан изобилуваше со емоции, а публиката почувствува длабока врска меѓу него и музиката. Појавувањето на сцената на Гранд претставуваше остварување на неговиот долгогодишен сон, а сите присутни го наградија со овации и аплаузи, бидејќи ја препознаа неговата посветеност и талент.
Погледнете го неговото претставување и настап во „Никогаш не е доцна“ во видеото во продолжение (кликнете на 0:58:55 секунди):