Home » Зоната на самракот во океанот може да содржи извор на нов пеницилин

Зоната на самракот во океанот може да содржи извор на нов пеницилин

by Журнал

Огромен број нови видови габи се откриени во зоната на самракот во океанот, а меѓу нив би можел да се крие и нов лек, како што е пеницилинот.

Најголемата студија за ДНК материјал во океаните беше објавена во списанието Frontiers in Science и откри многу тајни за изобилството на габи во делот од океанот кој е надвор од дофат на сончевите зраци.

На длабочина од 200 до 1.000 метри под површината – зоната на самракот е дом на голем број организми и животни, вклучувајќи чудни видови риби.

-Пеницилинот е антибиотик кој потекнува од пеницилиумската габа, па многу е можно да најдеме нешто слично кај океанските видови – вели Фабио Фаворето од постдокторските студии на Институтот за океанографија на Универзитетот во Калифорнија.

Зоната на самракот се карактеризира со висок притисок, недостаток на светлина и ниски температури, а сето тоа создава екстремни еколошки услови „во кои габите би можеле да стекнат уникатни прилагодувања“.

-Ова потенцијално може да доведе до откривање на нов вид со уникатни биохемиски својства – објаснува Фаворето.

Новиот каталог на океански ДНК материјал содржи генски групи од повеќе од 317 милиони организми, кои беа собрани во бројни експедиции.

Технолошкиот напредок значи дека многу постоечки примероци може да се испитаат уште подобро, а процесот на каталогизација отвора нови врати за откривање на овој малку проучен дел од океанот.

Водачот на истражувањето Елиса Лајоло беше изненадена од бројот на габи кои живеат во тој слој на океанот.

-Имаше одредени индикации за изобилството на габи во овој дел, но ова сега е нов дел од сложувалката – истакна таа.

Друго клучно откритие откриено за време на каталогизацијата е улогата на вирусите во подобрувањето на генската разновидност.

-Се вметнуваат вируси и ги преместуваат гените од еден во друг организам. Тоа значи дека многу вируси создаваат генска разновидност и ја забрзуваат еволуцијата – вели еден од авторите на студијата Карлос Дуарте.

Еден резултат на ова забрзување е дека гените еволуирале за да им овозможат на организмите да ја сварат пластиката.

– Тие можат да ги разградат синтетичките полимери кои се само неодамнешен загадувач во океаните, што значи дека еволуцијата се одвивала во изминатите неколку децении, пишува Гардијан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More