Home » ЗНМ и СЕММ: Да се почитува Кодексот кога се известува од настани со трагични последици

ЗНМ и СЕММ: Да се почитува Кодексот кога се известува од настани со трагични последици

by Журнал.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелираат до медиумите доследно да го почитуваат Кодексот на новинарите на Македонија кога известуваат за настани во кои има трагични последици проследени со загубени човечки животи.

ЗНМ и СЕММ соопштија дека со загриженост реагираат на ширењето на сензационалистички наслови и информации по сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер во близина на трговскиот центар Сити мол во Скопје во која, според официјални информации, животот го загуби 24-годишна девојка.
„Објавите преку кои се прикажуваат експлицитни кадри од сообраќајната несреќа може да ја вознемират јавноста и да предизвикаат дополнителна душевна болка кај членови на семејството и блиски лица на починатите. Медиумите имаат обврска да ја информираат јавноста за информации од јавен интерес, но притоа да ја почитуваат приватноста на личноста, како и личната болка и жалост, а во согласност со членот 8 од Кодексот на новинарите според кој ‘начинот на информирање во случаи на семејни трагедии мора да биде ослободен од сензационализми’“, наведуваат ЗНМ и СЕММ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk