Пратеничката Даниела Белимова од редовите на ЗНАМ денеска порача дека го прифаќаат секој предлог кој што е конструктивен за патните трошоци за пратениците, но вели дека е потребно нешто реално, а не да се прави само популизам.
-Треба да договориме нешто што е реално и општо прифатливо, а не само да правиме популизам. Кога ќе седнеме на маса и ќе ги ставиме сите работи, тогаш ќе изнајдеме и решение, рече Белимова во Собранието.
Од партијата најавуваат дека нема да ги поддржат денешните предлог-измени кои доаѓаат по иницијатива на Левица зошто според нив Левица е проблем за секое решение.
– „Левица не е решение на проблемот, туку проблем за секое можно решение“, велат од ЗНАМ.