Home » ЗНАМ: Со усвоената интерпелација, Даути е разрешена, опозицијата да предложи друг кандидат за претседател на Комисијата

ЗНАМ: Со усвоената интерпелација, Даути е разрешена, опозицијата да предложи друг кандидат за претседател на Комисијата

by Журнал.мк

вижењето ЗНАМ – За наша Македонија соопшти дека Илире Даути е разрешена со интерпелацијата и дека таа повеќе не може да ја извршува функцијата претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади во Собранието.

-Сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата, госпоѓа Даути. Од вчерашната седница на Собранието, на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок, наведува ЗНАМ во допис до медиумите.

Според Движењето ЗНАМ, коалициски партнер во Владата, „со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието“.

-Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција, соопшти ЗНАМ.

Со 61 глас „за“ вчера попладне беше прифатена интерпелацијата за работата на Илире Даути, поднесена од пратениците на Левица. По изгласувањето на интерпелацијата за Даути, Кабинетот на Претседателот на Собранието прати соопштение во кое наведе дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.

Како што посочија од Кабинетот, именувањата и разрешувањата „се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk