Home » Знаев дека Никола ќе го видам последен пат: Весна проговори за средбата со родителите на Тоше

Знаев дека Никола ќе го видам последен пат: Весна проговори за средбата со родителите на Тоше

by Журнал.мк

Познати личности од земјата, но и од целиот Балкан, денеска споделуваат фотографии и видеа на годишнината од смртта на легендарниот македонски пејач Тоше Проески.

Актерката Весна Петрушевска која важеше за блиска пријателка на Тоше последна направи интервју со него пред трагедијата на 16 октомври 2007 година.

Таа сега на социјалните мрежи им откри на своите следбеници дека оваа зима го посетила неговиот дом во Крушево.

„Зима 2024. Врне снег и одам тивко по уличката која ја знам многу добро. Одам накај тебе дома и почнувам да се тресам. Мислам ќе се појавиш од некаде, па потскокнувам. Ги бројам чекорите кои оставаат траги и се губат од снегот повторно. На порта излегува мајка ти и почнуваме да плачеме. Ми шепоти: „17-та година врви“. Влегуваме тивко во дневната соба и таму насмеан ме пречекува татко ти. Ми вели: „Не ме пушта да си идам. Ете така сум“. Молчиме и се гледаме. Мајка ти ми подава чаша јогурт со твојот насмеан лик и твојата омилена пита за Бадник со сирење. Едвај подголтнувам.. знаев дека Никола ќе го видам последен пат. Во дворот е твојата буба покриена. Како само таа да ги чува сите спомени, затворена од сите страни. Се видовме уште еднаш другиот ден да им однесам нешто што само ти сакаше. Долго гледав во празниот двор и сивото небо кое ме гушкаше. Беше студено и ти беше со мене, знам. Те сакам, твоја Бејби“, напиша Петрушевска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk