Home » Златото достигна историски максимум – пробиена границата од 3.000 долари

Златото достигна историски максимум – пробиена границата од 3.000 долари

by Журнал.мк

Цената на златото постави нов рекорд, надминувајќи ја границата од 3.000 долари за унца. Утрото, априлските фјучерси на Чикашката берза пораснаа за 0,38 отсто, достигнувајќи 3.052,4 долари за унца – првпат во историјата над 3.050 долари.

Геополитичката и економската неизвесност го зголемуваат интересот за златото како сигурно засолниште за инвеститорите. Загриженоста за потенцијалните царини, кои би можеле да доведат до зголемена инфлација и побавен економски раст, ја поттикнува побарувачката за овој благороден метал.

Златото оваа година бележи стабилен раст – од почетокот на годината е поскапо за речиси 15 отсто, а во последните 12 месеци за 38 отсто. На 14 март, цената на златото за првпат го проби психолошки важниот праг од 3.000 долари за унца.

„Со оглед на падот на берзите и зголемените политички ризици, западните инвеститори повторно се свртуваат кон златото, што би можело дополнително да ја зголеми неговата вредност“, изјави Џон Чампља, извршен директор на „Sprott Asset Management“.

„Го гледаме златото како осигурување и извор на ликвидност во нестабилни пазарни услови“, додаде тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk