Home » Зијадин Села ги доби печатите на Алијанса со одлука на тетовскиот суд

Зијадин Села ги доби печатите на Алијанса со одлука на тетовскиот суд

by Журнал.мк

Зијадин Села ги доби печатите на Алијансата за Албанците. Одлуката е донесена во Основниот суд во Тетово каде по расколот во партијата меѓу двете крила на Арбен Таравари и Зијадин Села беше поведена постапкан за да се одлучи кој има право да ја води партијата АА.

Со судската одлука, печатите му припаднаа на крилото на Села. Тоа крило веќе одлучи да се приклучи на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ. Крилото на Таравари пак се приклучи на коалиција Вреди, во која се опозициските партии на Албанците, а самиот Таравари е претседателски кандидат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More